Start your career today!

Start your career today!

Superior Dispatch Service, е компанија која повеќе од 7 години успешно функицонира и гради своја бизнис-приказна невообичаена за овие простори.

Со седиште во Штип, Superior Dispatch Service се наметна како една од најбрзо растечките компании во Македонија која брои над 100 високо обучени вработени низ 12 различни оддели во областа на транспортниот сектор во САД.

Она што Superior Dispatch Service ја прави поразлична од останатите компании во Македонија кои се занимаваат со истата дејност е посебниот професионален пристап кон проблематиката во транспортната индустрија, како за клиентите така и за своите вработени. Токму затоа, во 2022-ра година Superior Dispatch Service стана дел од AmCham North Macedonia и на широка врата, влезе во заедницата на најуспешните компании на македонскиот пазар.

Визијата и мисијата на компанијата е пред сè, зајакнување на локалното стопанство, давајќи им можност на сите заинтерсирани да започнат успешна кариера, и остварување на месечни примања кои отстапуваат од просечните на македонскот пазар на труд.

Superior Dispatch Service може да се пофали со фактот дека сите ново вработени во компанијата во првите 30тина дена, успеваат да се стекнат со потребните квалификации и согласно преференците да ја “најдат” соодветната работна позиција во некој од одделите каде успешно го применуваат стекнатото знаење.

Платена обука

Обука на кандидатите како идни вработени е платена и е во времетраење од 30 дена, целосно структурирана и специјализирана за идната работната позиција. Обуката ја водат одговорните лица и менаџерот од секторот за човечки ресурси (HR), заедно со идните колеги на кандидатот. За ова време кандидатот нема работни обврски во компанијата, а пожелно и потребно е истиот активно да биде вклучен, присутен и секако внимателен во текот на обуката.

Бонус за остварена продуктивност

Бонусот за остварена продуктивност се пресметува врз база на поставени таргети, KPIs (Key Performance Indicators). Секоја работна позиција има детално објаснети параметри кои што вработениот треба да ги исполни и/или надмине за да добие бонус на основната плата.

Кариерен напредок

Со растот и развојот на компанијата во обезбедувањето услуги за транспорт и логистика на сè поголем број клиенти, следствено вработените кои ќе покажат извонредни резултати, ќе ја имаат можноста за напредување на повисоки позиции со поголеми одговорности и директен однос со клиентите.

Доколку можеш да се замислиш како дел од оваа наша успешна приказна, единствено што е потребно е да ни го испратиш твоето CV и доколку ја помине прелиминарната селекција да очекуваш повик од одговорните на секторот за Човечки Ресурси.

Apply Online

Click or drag files to this area to upload. You can upload up to 3 files.